Биолози од САД, Велика Британија и Бразил го објаснија негативното влијание врз човечкиот организам од истовремена употреба на алкохол и енергетски пијалоци. Нивната студија е објавена во Journal of Psychiatric Research. 
Научниците одлучиле детално да го проучат влијанието врз човечкиот организам на етанол и таурин – главните составни елементи на алкохолот и различните енергетски пијалаци.
Било набљудувано однесувањето на риби од видот риба-зебра, ставени во различни аквариуми. Во едниот имало обична вода, а во другиот – мешавина од различно количество на вода, таурин и етил алкохол. Со цел да ги проучат промените во однесувањето, експерименталните примероците потоа биле преместени во резервоари со други риби, вклучувајќи и риби-убијци. 
Научниците дошле до следните заклучоци: престојот на рибите-зебри во аквариумот со етанол или таурин предизвикало намалување на нивната социјална активност. По дејството на „коктелот” кај експерименталните примероци било забележано драстично слабеење на реакциите на присуството на рибите-убијци покрај нив.
Експертите од бразилскиот федерален Универзитет Санта Марија заклучиле дека тауринът го зголемува негативниот ефект од употребата на алкохол, поради што експерименталните примероци се помалку социјално активни и постои поголем ризик од намалување на чувството за страв.