Колач од јаболка

од desk2
221 прегледи

Крцкав десерт кој ќе ве освои!

СОСТОЈКИ:
150 гр брашно
150 гр гриз
1 прашок за печиво
100 гр шеќер
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
600 гр рендани јаболка
малку цимет
100 гр суво грозје
100 гр шеќер
ОСТАНАТИ СОСТОЈКИ:
1 коцка путер
50 гр чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сувите состојки добро измешајте ги и просејте ги за прашокот за печиво добро да се распореди. Намастете тепсија со путер па дното прекријте го со сува смеса, а преку во тенок слој распоредете јаболка измешани со суво грозје и цимет. Потоа повторно сува смеса, а од горе рендано чоколадо и така додека не го потрошите материјалот.
Завршете со тенок слој брашно и притиснете со раце па на брашното изрендајте путер и посипете сечкани ореви. Печете на 200 степени околу 45 минути.
Уживајте!

Слични содржини