Колач со фстаци и бело чоколадо

од desk2

Неодолив колач со фстаци и бело чоколадо…

СОСТОЈКИ:
100 гр фстаци
150 гр шеќер
150 гр путер
3 јајца
150 гр брашно
2 лажици млеко
бело чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Фстаците ставете ги во блендер, кратко блендирајте па додајте шеќер и заедно иситнете. Во сад измешајте путер, јајца, млеко. Додајте фстаци па измиксајте, а на крај додајте брашно и поврзете во смеса.
Ставете во рерна на 180 степени и печете околу 20 минути додека колачот не поприми боја. Изладете, а за тоа време растопете бело чоколадо. Колачот прелијте го со бело чоколадо, по желба посипете со остатокот од сечканите фстаци.
Уживајте!

Слични содржини