Колач со кокос и јаболка

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

Кора:

– 400 гр брашно

– 200 гр пченичен гриз

– 150 гр шеќер

– 1 кесичка прашок за пециво

– 2 кесички ванилин шеќер

– 70 гр кокос

Фил:

– 1,5 кг јаболка

– 130 гр шеќер

– сок од еден лимон

– 180 гр путер

– шеќер во прав за посипување на колачот

Подготовка:

Подгответе длабок калап за печење и премачкајте го со путер.

Во длабок сад измешајте ги брашното, гризот, шеќерот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и кокосот, па поделете го на три еднакви дела.

Јаболката излупете ги, изрендајте ги, додадете шеќер и сок од лимон, па добро измешајте. Поделете на два еднакви дела.

Наредете прво 1/3 од сувата смеса од брашното и другите состојки, потоа 1/2 од филот, па втората третина од смесата од брашното и другите состојки, па втората половина од филот, па третата третина од сува смеса од брашно и останатите состојки.

Преку него изрендајте путер и оставете го да отстои еден час. После тоа, печете го колачот на 180 степени додека не порумени.

Кога ќе заруменат, извадете го од рерната, оставете да се излади, па посипете со шеќер во прав.

Слични содржини