Колач со портокали и ореви

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

Бисквит:

– 120 гр путер

– 210 гр шеќер

– 4 јајца

– 1 портокал

– 1/8 л млеко

– 180 гр брашно

– 1/2 кесичка прашок за пециво

– 100 гр ореви

Глазура:

– 120 гр шеќер

– 1 портокал (сок)

Подготовка:

Сомелете ги оревите, а потоа изматете ги белките во цврст снег додавајќи прстофат сол.

Исцедете го портокалот во посебен сад.

Со миксер измешајте го омекнатиот путер со шеќерот, па една по една додадете ги жолчките.

Во смесата додадете го исцедениот сок од портокал и 1/8 л млеко (или 1,25 дл) и матете додека смесата не се згусне.

Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па во изматената смеса наизменично додадете ги малку по малку брашното, оревите и снегот од белки, полека мешајте ја смесата додека не се соединат сите состојки.
Загрејте ја рерната на 180 степени.

Смесата истурете ја во подмачкана тава, израмнете и печете околу 25 минути. Проверете со чепкалка дали колачот е печен.

Додека колачот се пече, исцедете го сокот од вториот портокал и измешајте го со шеќерот.

Топлиот печен колач прелијте го со глазурата и оставете го во исклучена рерна уште десетина минути додека колачот не го впие целиот сок. Кога ќе се излади исечете го на коцки.

Слични содржини