Колега на Фјури: Нема да доживее до 30 години

од desk3
81 прегледи

Светскиот шампион во бокс Тајсон Фјури може да не доживее до 30-тата годишнина (сега е на 28). Ова го објави неговиот сонародник и колега Били Џо Саундерс по повод гласините за употреба на кокаин од Фјури.

1475571964gettyimages-458516830

Саундерс вели дека е силно загрижен дека Фјури тргнува по лош пат и го критикуваше недостатокот на исхрана и воздржување од употреба на алкохол од шампионот.

“Сето ова што се случува со него, е силно загрижувачко. Ако не ја прими потребната поддршка, може да има сериозни последици за неговиот живот”, коментира Саундерс.