Колев: Манипулирањето и играњето на непотребен патриотизам само ќе ни ја загорчи реалноста

од Vladimir Zorba
361 прегледи

-Ние како македонско општество треба да го погледнеме минатото со реални очи и без фрустрации, прифаќајќи ги историските вистини такви какви што се. – вели претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев во реакцијата за односите меѓу Скопје и Софија.


-Нашите пријатели и роднини од Бугарија, особено наследниците на стотиците илјади бегалци од Македонија, треба да ја погледнат и прифатат сегашноста таква каква што е, без непотребна емоционалност, туку чисто практично и прагматично, а заедно да изградиме визија за иднината која неспорно е дел од ЕУ и НАТО. Сето тоа би можело да се случи само ако се работи искрено, на база на вистината и реалноста и без непотребно индоктринирање на општествата. – смета Колев.
-Само оваа формула може да сработи за нормализирање на односите Скопје-Софија и да отвори простор за идните генерации. Пумпањето на злоба, манипулирањето и играњето на непотребен патриотизам, како и потценувањето на некои јасни пораки само ќе ни ја загорчи реалноста. – се вели во соопштението од ГДУ.

Слични содржини