Најмалку 60% од луѓето кои поседуваат мобилен телефон всушност никогаш не го исчистиле или дезинфицирале. Многу е мал процентот на оние кои тоа го прават секојдневно.
Околу 7% би го исчистиле откако биле болни, а помалку од 20% го чистат еднаш неделно. Мобилните телефони често ги сопираме со нечисти раце, а тоа значи дека дури и кога сме ги измиле рацете, ако веднаш потоа посегнеме по мобилниот телефон, повторно ги враќаме микроорганизмите на нашата кожа.
Ситуацијата станува полоша кога ќе се сетиме дека мобилниот телефон често е оставен на биро, во џебот, во чанта, ни го допираат и други луѓе, а го користиме и додека сме во тоалет. Не баш пријатно да се знае, зарем не?
Ако не можете да се навикнете тоа дезинфицирање секој ден, пребришувајте го мобилниот телефон со антибактериски марамчиња секојпат кога на тоа ќе се сетите. Така полесно ќе стекнете навика, која е многу корисна, особено во време кога демнеат опасни вируси.