Колку луѓе во САД починале од корона иако примиле ДВИ ДОЗИ НА ВАКЦИНА?

од Vladimir Zorba

Секој ден, милиони Американци чекаат редови за да ја примат својата доза на вакцината против Ковид-19. Додека лепенката на нивната рака создава впечаток дека сега имаат заштитен оклоп, тие треба да знаат дека градењето на антитела некаде таму под нив не е совршена, пишува „Лос Анџелес тајмс“.

Од 26 април, Центрите за контрола и превенција на болести пријавија 9.245 инфекции меѓу 95 милиони Американци кои ги примиле обете дози на вакцината, а 132 починале. Иако ЦДЦ признава дека бројот на заразени по вакцината е веројатно потценет, тоа сепак значи дека стапката на инфекција е 0.0001 процент, додека ризикот од смрт е уште помал.

Ова се екстремно ретки случаи, но да, луѓето починале од Ковид откако биле вакцинирани, посочува весникот, додавајќи дека научниците сега се борат да разберат зошто.

Засега, истражувањето е сè уште во фаза на собирање информации. Научниците сакаат да знаат кои соеви на коронавирус се во игра и дали заразените луѓе имаат некои вообичаени карактеристики или однесување – како на пример земање одреден лек што ќе ги направи почувствителни во комбинација со вакцината.

Секвенционирањето на геномот е особено важно за да се види дали пациентот е заразен со веќе познат вид или дали се појавил нов. Собирањето информации на централизирана локација е клучно за откривање на шеми и споделување на податоци што можат да им помогнат на професионалците да одлучат дали и како да го прилагодат идното препишување на вакцината.

Дури и целосно вакцинирани лица треба да продолжат да се придржуваат до ограничувачките мерки и да бидат тестирани доколку имаат развиено симптоми на Ковид.

Меѓу пациентите, претежно постари од 60 години

Во случајот на 80-годишниот Кери Вашингтон, кој прими втора доза вакцина Фајзер-Бајонтек во февруари, но почина од ковид во март, двајца различни лекари – интернист и кардиолог – го лекуваа за отежнато дишење, но ниту еден не го тестираше за корона. Неговата ќерка Тања се прашува дали тој ќе беше жив сега ако рано го откриле Ковидот.

Тања верува дека нејзиниот татко бил заразен од невакциниран работник во канцеларијата што ја делел со други лекари. Според „Лос Анџелес Тајмс“, тоа е потсетување дека вакцинацијата може да биде вредна не само за нас, туку и за оние околу нас.

Експертите не се изненадени што мал број на целосно вакцинирани лица починаа од Ковид, особено ако тие беа постари или повеќе подложни на болеста пред имунизацијата. Од вкупниот број на пациенти по вакцинацијата забележана од американскиот ЦДЦ, 45% се лица постари од 60 години.

Слушањето приказни за вакви ретки случаи може да предизвика загриженост, но научниците истакнуваат дека нема причина за паника.

– Шансите да се заразите после вакцината се исклучително мали. А, шансите да имате дури и благи симптоми по ваква инфекција се уште помали – вели д-р Џон Сварцберг од Универзитетот во Беркли.

Стрес околу вакцини

Кога минатиот месец луѓето почнаа да чувствуваат слабост или гадење откако беа вакцинирани, некои клиники беа привремено затворени за да ги испитаат ваквите реакции. Но, научниците заклучија дека не станува збор за вакцините, туку за стресот за нивно примање.

Експертите откриле дека десетици луѓе кои пријавиле краткорочни несакани ефекти како гадење, повраќање, забрзано чукање на срцето или болка во градите во пет ковид-клиники, всушност реагирале на сопствената вознемиреност, што предизвикало физичка реакција, според „Лос Анџелес тајмс“.

Извештајот на ЦДЦ вклучува интервјуа и извештаи од вработените во клиниките во Калифорнија, Џорџија, Ајова и Северна Каролина. Вкупно 64 лица беа погодени од краткотрајни несакани ефекти помеѓу 7-9 април и сите примија вакцина „Џонсон и Џонсон“.

ЦДЦ заклучи дека режимот со единечна доза на вакцината ги прави „повеќе предиспонирани за настани поврзани со анксиозност“. Ниту едно од тие 64 лица не се разболе сериозно.

Европските власти во понеделникот предложија ублажување на ограничувањата за патување, додавајќи целосно вакцинирани на списокот на оние кои имаат дозвола да влезат во Европската унија поради „непотребно“ патување.

Туристите треба да бидат целосно вакцинирани со вакцини одобрени од ЕУ, вклучително и „Фајзер-Бајонтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“. Регулаторното тело на унијата ги испитува и податоците поврзани со руската вакцина „Спутник V“, потсетува „Лос Анџелес тајмс“, додавајќи дека овој предлог може да биде одобрен оваа недела.

loading...

Слични содржини