Колку повеќе нанесувате балсам за усни, толку се посуви? Дерматолог објасни зошто

од Radmila Tasevska
311 прегледи

Во текот на зимата, многумина се потпираат на балсами за усни за да спречат суви и испукани усни, но експертите предупредуваат дека тоа може да направи повеќе штета отколку корист.

„Многу од производите што ги користиме всушност ги влошуваат работите“, изјави дерматологот Мунеб Шах за The Post, пренесе Стандард лајф. 

Д-р. Шах вели дека многу пациенти му се пожалиле дека се чувствуваат како постојано да нанесуваат балсам за усни во текот на денот и тоа не им помага.

„Ментолот, нането, рицинусовото масло, пчелин восок и мирисите се некои од вообичаените состојки во балсамите за усни и тие всушност можат да предизвикаат иритација“, објасни тој.

Постојаното лижење на усните поради сувост може да предизвика дерматитис, или црвенило и иритација околу устата.

„Секогаш им препорачувам на луѓето да избегнуваат балсами со вкус, бидејќи тоа сигурно ќе ги натера почесто да ги лижат усните. Плунката има ензими кои ја разградуваат храната и делумно кожата“, додаде дерматологот.

Д-р. Шах не верува дека она што е поскапо е нужно поефикасно.

„Кога станува збор за навлажнувачки состојки, нема смисла тие да бидат скапи. Обичниот вазелин прави чуда. Одете по поприфатливите опции во аптеките без вкусови или мириси. Секогаш се наклонувам кон едноставноста“, заклучил тој.

Слични содржини