Како да спречите сушење и пукање на усните во текот на зимата?

од Stefanija Kuzmanovska

Во постудените месеци забележуваме дека усните често се суви и испукани, а причината за тоа најчесто се нашите лоши навики. Не можеме да ја промениме кожата, но можеме да работиме на подобрување на нејзината текстура и влажност за да ја одржуваме хидрирана.

Штом почувствуваме дека усните ни се суви, инстинктивно ги навлажнуваме со јазикот. Но, кога влагата ќе испари од површината на усните, ги остава суви, а во случај да е присутен ветер и испукани, пишува Tportal.hr.

Една од главните разлики помеѓу кожата на усните и остатокот од телото е дебелината на кожата. Кожата на усните се состои од три до пет слоја, а кожата на лицето дури 16 слоеви. На усните им недостасува оној горен слој кој има заштитна функција, кој спречува дехидрација и се бори против УВ зрачењето.

Покрај тоа што имаат помалку слоеви на кожа, на усните нема жлезди кои го хидрираат остатокот од кожата.

Иако природно се повеќе склони кон сушење, постојат неколку трикови со кои можеме да ги заштитиме од сушење и да ги одржуваме убави во текот на целата година. Ова вклучува откажување од некои лоши навики и вградување нови.

Внимавајте на внесот на витамини
Различни групи на витамини се неопходни за нашето здравје. Витаминот Б2 е неопходен за функционирање на клетките, а со тоа и за здрави усни, а со консумирање на храна богата со витамин Б2, како јајца и посно месо, телото ќе биде под контрола во текот на целата година.

Исто така, недостатокот на цинк и железо се поврзува со сувите усни, па затоа се препорачува исхрана богата со мешунки и семки бидејќи содржат многу од потребните елементи.

Изберете балзам со докажани состојки
Ако дури и балзамот за усни не го спречува сушењето на усните, проверете дали сте избрале балзам со соодветни состојки. Иако основната функција на балзамите е хидратација, некои содржат мириси кои можат да предизвикаат сувост.

Понекогаш е подобро да избегнувате балзами со привлечни мириси и бои бидејќи во тие додатоци често се наоѓаат лоши состојки.

Хидратација
Во распоред преполн со разни обврски често се заборава на внесот на течности, а последиците се гледаат на усните. Кога усните ќе ви се збрчкаат од сувост, земете го тоа како аларм дека треба да го зголемите внесот на вода.

Според некои препораки, тоа треба да биде помеѓу осум и дванаесет чаши дневно. Иако на многумина им изгледа невозможно, обидете се секогаш да имате шише вода со себе.

Слични содржини