„Бугарската Барбика“ ги има најголемите усни на светот (ФОТО)

од Nikola Popovski

Студентката на универзитетот во Софија, Андреа Иванова, позната како „бугарска Барбика“ поради бројни козметички и хируршки зафати, изјави дека може да ослепе од инјекции на хијалуронска киселина, внесени во нејзините усни.

Во усните примила вкупно 25 инјекции на хијалуронска киселина, а последната минатата недела. Според зборовите на студентката, таа ги има најголемите усни на светот.

Таа има 23 години, а започна со козметички операции во 2018 година, посетувајќи ги практично сите клиники за убавина во Софија.

И покрај постојниот ризик, Иванова вели дека нема намера да ги запре интервенциите.

„Постои ризик да ослепам и да ми го отстранат самиот орган – усната. Постои ризик, бидејќи е можно да се појавила дехидрираност поради инјекции на хијалуронска киселина. Се надевам дека нема да има фатални последици, затоа што секоја недела одам кај специјалист. Постои реална опасност, но јас нема да престанам со интервенциите“, изјавила студентката за весникот „Бугарија денес“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Ivanova (@andreaivanova326)

Покрај усните, Андреа има намера да го смени обликот на лицето и да ја скрати брадата.

„Нема граници за мене“, рече Иванова, додавајќи дека сака да има најголеми гради, ако не во светот, тогаш во Бугарија.

Како што вели, таа веќе имала зголемување на градите, но има намера во иднина повторно да оди на операција.

Слични содржини