Командантот на британската армија: „Путин сакаше да ја покори Украина, тоа нема да се случи“

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на британската одбрана Тони Радакин изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се соочува со „растечки“ проблеми додека украинските сили продолжуваат со контраофанзивните акции на окупираната територија.

По шест месеци војна, украинските сили успешно почнаа да спроведуваат контраофанзивни акции и ослободија некои области, а руските сили почнаа да се повлекуваат од областа Харков.

Во интервју за Би-Би-Си, Радакин рече дека „сите воени стратешки цели на Путин пропаѓаат“.

Сакаше да го ослабне НАТО

„Сакаше да ја покори Украина. Тоа нема да се случи. Тој сакаше да ја преземе контролата над нивниот главен град. Видовме дека тоа пропадна уште на почетокот. Тогаш видовме дека сака да го ослабне НАТО. НАТО сега е многу посилен, а Шведска и Финска сега се приклучуваат. Сакаше да ја скрши меѓународната одлучност, а таа всушност се зацврсти во овој период“, рече Радакин.

Тој додава дека Путин е под зголемен притисок поради ситуацијата во Украина и наведе некои од клучните проблеми со кои сега се соочува рускиот лидер.

„Неговите проблеми се натрупуваат. Отсекогаш имал проблеми во однос на персоналот и опремата што ја има, а сега е недоволно екипирана. Нема доволно сили на теренот“, рече тој.

Успеси на Украина

Тој додаде дека Украина ја прифаќа поддршката од своите меѓународни сојузници, кои ѝ дадоа воена поддршка на Киев среде конфликтот и дека тоа „има ефект на теренот“.

Ова дополнително придонесува за стратешкиот „неуспех“ на Путин.

Успесите на Украина предизвикаа загриженост за иднината на војната, а некои истакнати Руси изразија незадоволство и фрустрација од Путин. И покрај тоа, руските власти рекоа дека остануваат посветени на војната, пишува Newsweek.

Слични содржини