Комесарот за човекови права на ОН ги осуди егзекуциите во Иран

од Stefanija Kuzmanovska

Иранските власти користат смртни казни за да влеат страв кај населението и сакаат да го искоренат несогласувањето, а неодамнешните егзекуции претставуваат „убиство одобрено од државата“, смета високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк.

Тој во изјавата наведе дека во Иран „кривичните постапки се користат за казнување на луѓето кои се борат за нивните основни права“, како и дека егзекуциите што ги вршат иранските власти се „убиства по наредба на државата“ и кршење на меѓународно загарантираните права и слободи.

Иран обеси двајца мажи во саботата за наводно убиство на припадници на безбедносните сили за време на протестите ширум земјата што уследија по смртта на младата Махса Амини.

Слични содржини