Комисијата на американскиот Конгрес: „Трамп свесно дејствувал спротивно на законот“

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот комитет на американскиот Конгрес, кој ја истражува улогата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите поддржувачи во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, дошол до конечен заклучок дека Трамп свесно дејствувал спротивно на законот за да го промени резултат од изборите во САД.

Деветчлен конгресен комитет, во кој мнозинството го сочинуваат седум демократи, во понеделникот му препорача на американското министерство за правда да го обвини Трамп за четири злосторства, од кои едното е помагање и поттикнување бунт, пренесува „Ројтерс“.

Комисијата го истражуваше овој случај 18 месеци, сослуша над илјада сведоци и анализираше над милион документи, а заклучокот и објаснувањата ги донесе во документ од 845 страници.

Слични содржини