Министeрот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава, информираат од Министерството за здравство.
-Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект, велат од МЗ.
Владата на РСМ на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.