Компаниите “Ју Тјуб”, “Фејсбук”, “Твитер” и “Мајкрософт” се здружуваат против тероризмот

од Vladimir Zorba

Компаниите “Ју Тјуб”, “Фејсбук”, “Твитер” и “Мајкрософт” ги објавија плановите да се обединат за борба против екстремистичките содржини дистрибуирани на нивните сајтови. 5193023Во заедничката изјава тие велат дека се надеваат на ефикасна соработка против глобалната закана од ширење на терористички материјали на интернет.

Компаниите планираат да формираат заедничка база на податоци на уникатни “дигитални отпечатоци” кои се “уриваат” од фото и видео материјали поврзани со терористичка активност.

Овој софтвер им овозможува на компаниите да чуваат во оваа база на податоци материјали кои веќе биле отфрлени од нивните сајтови поради екстремистичка пропаганда.

Со веќе собраните информации софтверот ќе бара слични материјали на нивните платформи и ќе помага за елиминирање на нив. Базата на податоци ќе биде пуштена на почетокот на 2017г.

Слични содржини