Комунисти од 30 комунистички партии во земјите од Европската унија и Европа застанаа заеднички во спас на бугарскиот комунизам, чиј режим беше прогласен за криминален.
Неодамна Бугарија усвои законски измени, со кои ги забрани симболите и слоганите на комунизмот. Амандманите предвидуваат казни за секој кој ги користи на јавно место.

Десетиците комунистички партии од Европа излегоа со специјално писмо во кое го осудија антикомунистичкиот закон и најавија солидарност со бугарските комунисти.
Европските комунисти побараа веднаш повлекување на текстовите и запирање на изабраната за комунистите во Бугарија, на нивната активност, идеологија и симболи.
“Оваа нова анти-комунистичка офанзива е интегрирана во целите на ЕУ и на буржоаските влади”, пишуваат европските комунисти. Тие сметаат дека европските владетели сакаат да ја менуваат и пре-пишуваат историјата и ги забрануваат комунистичките партии и комунистите, ја криминализираат нивната активност и ја забрануваат комунистичката идеологија.
“Напорите се насочени кон свеста на младите луѓе, што систематски се полни со антикомунизам, со клевети против држави во кои е изграден социјализам, како и со оправдување на нацистичка-фашистичките злосторства”, се вели уште во писмото на комунистичките партии.
Според нив повеќе се зголемува анти-народната и анти-работничката офанзива на европските влади, толку повеќе тие прибегнуваат кон груб антикомунизам.
Поддршката за бугарските комунисти доаѓа од соработници во Велика Британија, Австрија, Хрватска, Данска, Франција, Ирска, Италија, Норвешка, Шпанија, Турција, Литванија, Латвија, Малта, Шведска, Словачка, Унгарија, Молдавија, Македонија, Грција, Белорусија, Украина , Русија.
Тие се обединети во “Иницијатива”, чија цел е да го проучува и развиваат прашањата на европската политика и да ги координираат заеднички активности.
Централата се наоѓа во Атина и во моментов се координира од парламентарно презентираната Комунистичка партија на Грција (KKE).