Кондарко: Партиите да не ја мешаат политиката во ДИК, а гласовите да си ги бараат кај граѓаните

од Vladimir Zorba

„Имавме регуларни избори. Целата јавност можеше да види каков беше одзивот. ДИК не е шалтер изгубено-најдено, па некоја партија ако ги фалат гласовите да ги бараат во ДИК“, изјави Борис Кондарко на денешната седница на ДИК.

– ДИК ги утврдува гласовите на граѓаните. ДИК ја почитува волјата на граѓаните. Партиите да не ја мешаат политиката во ДИК, а гласовите да си ги бараат кај граѓаните. Никој не може да манипулира за наводни неправилности во работата на ДИК. Ова што се наведува во приговоирите е класично мешање на политиката во ДИК, ова е клеветење на изборниот процес. Приговорите се целосно паушални и неосновани, посочи тој.

Членот на ДИК вели дека ова важи и за претходно отфрлените приговори на Левица и за сите наредни приговори кои ќе ги разгледуваат.

– Сите имаат исти наводи и основи. ДИК не работи врз основа на Фејсбук, туку врз основа на закон, рече Кондарко.

Слични содржини