Конечно! “Депеш мод” се врати со нов албум (Видео)

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Британската група “Депеш мод” го издаде 14-тиот студиски албум “Spirit” и го претстави на концерт во Берлин, соопшти Ројтерс.

Музичарите го  опишаа новиот албум како “мрачен”. Песните им се инспирирани од конфликтот во Сирија и подемот на национализмот во Европа.   “Знаевме дека е малку опасно да правиме албум, кој може да биде прифатен како политички, но чувствувавме дека е потребно во овие времиња”, рече Мартин Гор.

Претходниот албум на “Депеш мод” – “Delta Machine”, излезе пред четири години. Најуспешните албуми на групата – “Violator” и “Songs of Faith and Devotion”, се донесени во почетокот на 90-тите години на минатиот век.

“Депеш мод” ќе го промовира новиот албум со европска турнеја.