„Конечно дома“: Икеа се прости од Меркел (ФОТО)

од Nikola Popovski

Вчера беше крајот на една ера. Имено, Ангела Меркел после 16 години му ја предаде Федералната канцеларија на нејзиниот наследник Олаф Шолц.

Од поранешната канцеларка Ангела Меркел се прости и шведската компанија „Икеа“, пренесува „Ansa it Politica“.

Имено, „Икеа“ и оддаде почит на поранешната германска канцеларка со реклама што вчера се појави во два германски дневни весници „Судддојче цајтунг“ и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Како што може да се види на социјалните мрежи, каде споменатата реклама се дистрибуира со неверојатна брзина, беше прикажана жена која неописливо потсетува на Ангела Меркел.

Таа седи во фотелја додека ги држи рацете скрстени, што е препознатлива поза на поранешната канцеларка.

До фотографијата пишува „Конечно дома“.

Да потсетиме, како што претходно рече Шолц, тој сака да ја води Германија во светла иднина со нова т.н. семафор-коалиција.

Слични содржини