Конечно и Русија се огласи за судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Официјална Москва побара од Ерменија и Азербејџан итен прекин на огнот.

„Ги повикуваме сите чинители, и внатрешни и надворешни, да покажат максимална воздржаност и на терен и во меѓусебна комуникација. Потребна е максимална претпазливост за да се постигне итен прекин на огнот и да се врати на преговарачката маса“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.

Коментирајќи го конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот Нагорно Карабах, кој влезе во вториот ден, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека Москва е во близок контакт со Анкара поради напнатоста во регионот.

Слични содржини