Канадската државна телевизија во четвртокот потврдила дека го исекле појавувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во филмот „Сам дома2“, но нагласила дека тоа е направено пред тој да биде избран за претседател, поради скатување на филмот.
CBC неодамна го емитуваше филмот од 1992 година, а дел од гледачите и канадските медиуми забележале дека сцената со Трамп е исечена, па побарале објаснување, особено бидејќи на американскиот претседател во вторникот изјавил дека му била чест да учествува во тој филм
– Како што е често случај во долгометражните филмови прилагодени за телевизија „Сам дома 2“ е премонтиран поради траењето – рекол портпаролот на CBC, Лак Томпсон.
Сцената со Трамп била една од неколкуте кои биле отсечени бидејќи не биле клучни за дејството на филмот. Тоа е направено во 2014 година, пред Трамп да биде претседател.
Многу гледачи истакнале дека CBC донел политички мотивиана одлука, а синот на Трамп на Твитер рекол дека тој потег е патетичен.
Републиканскиот политичар во филмот се појавува многу кратко. Младиот Кевин, заборавен од семејството, во филмот се обидува да се снајде во големиот хотел во кој престојува семејството. Застанува еден маж во долг капут со црвена кравата и о прашува како да стигне до предворјето.