Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои амандман на одбранбениот буџет кој им забранува на граѓаните и организациите на САД да се вклучат во трансакции со државен долг во Русија , објави Слободна Европа.

Според амандманот поднесен од демократот Бред Шерман – конгресмен од Калифорнија, во 90-дневниот период по влегувањето на законот во сила претседателот Доналд Трамп треба да издаде забрана за американските граѓани да вршат какви и да се операции со рускиот државен долг, чиј рок за отплата е поголем од 14 дена.

  Забраната беше воведена поради интервенцијата на Москва на изборите во САД.

Може да се отповика доколку Специјалните служби сметаат дека немало мешање на Русија во американскиот политички живот за време на еден изборен циклус, а оваа проценка е прифатена од Конгресот.

Предлог-законот треба да се гласа во Сенатот, каде што републиканците имаат мнозинство.