Кордалов за „идниот премиер на Западна Бугарија“: Во осетлив политички момент, нема место за јавни шеги

од Vladimir Zorba

Шегата на албанскиот премиер Еди Рама во Солун кој претседателот на македонската влада Димитар Ковачевски го „претстави“ како премиер на „идната Западна Бугарија“, се уште тема која се дебатира во медиумите и на социјалните мрежи.

И покрај образложението на Рама дека станува збор за „исмејување на грдата блокада на С. Македонија од Бугарија“, нападите кон актуелниот премиер се уште не се смируваат.

Според Бојан Кордалов, комуниколог-специјалист за односи со јавност и нови медиуми, многу е тешко во ситуација на недоверба да се гради било каква здрава политичка комуникација.

-Многу е тешко во ситуација во која се во прашања чувствата кај луѓето кај граѓаните, севкупно да се прават шеги. Не сметам дека намерата била лоша не сметам дека Рама има за цел нешто да не навреди како граѓани и како држава, меѓутоа мора да знаете дека во осетлив политички момент, таквите шеги кои се прават јавно може да предизвикаат лавини или бура на реакции на кои што сведочиме до ден денес. Со други зборови политичарите и политичарките мора да разберат она што го прават зад вратите или онаа комуникација што отворено ја имаат е во ред, но во вакви осетливи моменти кога со месеци и години очекуваме позитивен исход за да почнат преговорите со ЕУ оди кон сето ова, појаснува комуникологот во разговор за „Локално“.

Кордалов е на мислење дека токму сега е време луѓето на Балканот да се сплотат и да изберат дали ќе чекорат заеднички напред или ќе го „продолжат патот, на поделбите “.

-Единствено решение особено во услови на криза е кога имаме отворена, искрена и директна комуникација, разговор што е она што се случило и повторување на вашите позиции, тоа го советувам.Бидејќи премиерот Рама го направи, мислам дека јасно е да се истакне ,од друга страна многу е тешко во ваков контекст да се градат здрави и зрели односи на комуникација.Балканот за жал со години, децении како сакате е предмет на разединетост. Нашите народи наместо да соработуваат постојано и често едни во други гледаат непријатели и буквално секој збор може да биде чкорче, искра кое ќе направи пламен, подвлекува тој.

Бојан Кордалов

Бојан Кордалов

Комуникологот упатува апел дека процесот на заздравување и на меѓусебна доверба градење на функционирање во заедништво ќе трае, и мора да започне од овој момент за што побрзо да се воспостави крајот .

-Земете ги ситуациите со другите европски држави и конфликтите кои ги имале, едноставно предоцна излеговме од турбулентните периоди и се наоѓаме пред избор дали ќе зараснуваме и сплотуваме како луѓе или ќе го продолжиме патот на поделбите. Затоа апелирам за дирекна и отворена комуникација, тоа е нешто што на граѓаните ќе им овозможи да разберат дека станува збор за појако градење на доверба заедништвото и одењето напред. Пример како во една фамилија ако на еден му оди, а на другите не, автоматски е прашање на време кога на другите нема да им оди.Така на Балканот ако на една држава и оди на другите не, прашање на време е кога таа ќе сфати дека е закочена, појаснува Кордалов.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Ковачевски, СДСМ потсетува на учеството на Мицкоски на Конгресот на ЕНП

Смеењето на премиерот Димитар Ковачевски и тоа што не постапи поинаку во однос на шегат ана премиерот на Албанија, Еди Рама, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ е „срам на меѓународната арена“, затоа освен извинување бараат Ковачевски да си поднесе оставка.

Од партијата на премиерот, СДСМ, сметаат дека токму Мицкоски треба да си даде оставка бидејќи, како што велат, едно зборува дома, а друго кога е надвор од земјава. Го спомнаа неговото учество на Конгресот на европските народни партии каде според СДСМ, е усвоена резолуција која ги поддржува ставовите на Бугарија и е спротивна на усвоената Декларација во Собрание за позициите и црвените линии на Македонија.

Б.М.

Слични содржини