Најмалку 160 лица биле во контакт со вирусот КОВИД-19 во пошироката област во Милано уште на 26 јануари, неколку недели пред да се открие првиот случај, а 1.200 низ Ломбардија, се вели во анализата на работната група од тој италијански регион.

КОВИД-19 циркулирал во Милано од крајот на јануари, 26 дена пред да биде откриен првиот позитивен случај во Кодоња на 21 февруари, пренесува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, повикувајќи се на резултатите од анализата на работната група во Ломбардија.
Регионална анализа заснована на почетокот на симптомите покажа дека до крајот на јануари вирусот корона се ширел во Милано, првично помешан со симптомите на грип.
„Нулта ден“ се врти околу датумот 26 јануари и веројатно е дека тој ден имало 46 случаи на Ковид-19 заразени само во Милано, а 543 во цела Ломбардија.
Весникот пишува дека Италија се разбудила на 21 февруари и сфатила дека епидемијата пристигнала кога со тестирањето започнале да се регистрираат позитивни случаи.
Гледајќи го зголемувањето на бројот на заразени лица, кривата почнува да се зголемува на 21 февруари и на 28 април, достигнала 74.348 заразени во Ломбардија, а со тестирањето се откриени позитивни пациенти, запрашани се за времето за почетокот на појавата на првите симптоми.
Во тоа време, потсетува италијанскиот весник, сите напори на Италија да се бори против вирусот Ковид-19 беа насочени кон аеродромите, особено во Рим и Милано.
Италија е една од најтешко погодените земји од вирусот кивид-19 со повеќе од 27.000 жртви, скоро половина од нив во Ломбардија, а земјата се доближува до излегување од блокадата, бидејќи беше објавено дека жителите ќе имаат поголема слобода на движење во регионот од 4 мај.