Корнавирусот го комплицира здравјето и на младите луѓе

од Берта Китинска
455 прегледи

Билансот на починати од Ковид 19 се повеќе содржи и млади луѓе иако најголемиот број од жртвите и натаму се повозрасните граѓани.

“Има млади луѓе кај кои влошување на здравствената состојба настанува за неколку часа и едноставно и покрај целиот терапевтски пристап, да не се случи да дојде до влошување.За жал, имаме многу пациенти кои се во тешка состојба За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе. И кај  млади луѓе за само  неколку часа прогресира болеста. И  покрај целиот терапевтски пристап да се спречи прогресивноста на болеста, понекогаш нема успех, рече Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.

Слични содржини