Повеќе од 300 Финци кои навивале за својот национален тим на ЕУРО 2020 се заразиле со коронавирус, соопштија тамошните власти денес, што може да го смени планот на земјата за олеснување на мерките.
Дневниот број на нови инфекции во Финска се зголеми од околу 50 на ден на повеќе од 200 минатата недела и се очекува да се зголеми уште повеќе, предупредуваат властите.
Јасно е дека бројот на новозаразени се зголемил поради враќањето на навивачите, тврди Мика Салминен од финскиот здравствен институт.
„Со проучување на нивната возраст, јасно е дека многу од нив сè уште не примиле две дози на вакцина“, додаде Салминен.
Локалните здравствени власти објавија дека повеќе од нови 200 инфекции што се случиле во Русија биле откриени во областа околу Хелсинки.
„Клучното прашање е дали ќе видиме ширење на инфекцијата. Сега се чини дека нема да можеме да ги олесниме мерките во Хелсинки“, рече Салминен.
Неговиот институт проценил дека помеѓу 4,5 и 6000 Финци отишле на натпреварите во рускиот град Санкт Петербург, што во моментов руши рекорди во бројот на смртни случаи од Ковид-19.
Властите сè уште се обидуваат да ги лоцираат сите оние кои биле во Русија, предупредувајќи ги дека можеби го пренеле вирусот на нивните пријатели и семејства.
Финска сè уште е една од земјите кои се најмалку погодени од пандемијата на коронавирус Во таа земја со 5,5 милиони жители, беа заразени 95.387 лица, а 969 починаа.
Foto: Tomi Hänninen