Корона-кластерот се шири во конфекциите во Штип и Свети Николе

од Берта Китинска

Со рекордни 60 заразени со коронавирусот Штип се најде денеска на второто место билтенот на Министерството за здравство.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека 30 случаи се од приватниот скрининг на сопственик на една штипска конфекција, додека другите 30 се исто така работници од четири други штипски конфекции, но и нивни контакти со членови на семејствата или пријатели, пренесува МИА.

Димитрова вели дека тимовите на Центарот за јавно здравје денеска направиле 30 епидемиолошки анкети, а на пунктот се земени над 50 брисеви. Повеќето од земените брисеви се контролни, но има и пациенти кои се јавиле преку матичните лекари со симптоми.

Потврдува дека коронавирусот веќе е влезен во Домот за стари лица во Радовиш. Позитивни на вирусот се двајцата вработени и три лица корисници на услугите во овој дом.

Екипа од Центарот за јавно здравје-Штип вчера биле на увид во Домот за стари лица, тестирани се корисниците на услуги, додека сопственикот на домот направил приватен скрининг на вработените. Старите лица кои се зарзени со коронавирусот веќе се хоспитализирани во Штип и во Скопје.

Осум новозаразени во светниколска Мода, покажаа резултатите, кои се пристигнати до утринава.Во светниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринигот, кој го направи компанијата.

Последните резултати од тестирањето се пристигнати утринава, кои покажаа дека на претходните 45 се додаваат уште осум работници позитивни на Ковид-19.

Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров вели дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше беа опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека по добивањето на последните резултати во најголемата фабрика во 7/18/2020 Светниколска „Мода“ ги доби последните резултати од скринигот, позитивни 53 работници.

Свети Николе очекува веќе наредната недела да се намалуваат бројките на заразени, бидејќи колку се активни, толкав број на граѓани се и во изолација. Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.

Слични содржини