Корона-криза: Германија планира да го плаќа лекувањето на тешко болните луѓе од ЕУ

од Nikola Popovski
227 прегледи

Германија планира да ги покрие трошоците за лекување на сериозно болните пациенти со КОВИД-19 од ЕУ, објави министерот за здравство, Јенс Спан.

„Европа мора да биде единствена во време на криза“, рече Спан, а пренесува ЗДФ.

Во германските болници во моментов има повеќе од 200 тешко болни пациенти од коронавирусот од други земји на ЕУ.

Според Танјуг, Спан истакнал дека Германија е во состојба и подготвена да прими нови пациенти, а во моментов се разгледува за околу за 40 пациенти.

„Ова е нашето разбирање за европската солидарност“, истакна тој.

Да важат мерките сè додека не се создаде вакцината

Министерството проценува дека трошоците за лекување може да бидат околу 20 милиони евра.

Инаку, тоа се првенствено пациенти од Германија, Италија и Холандија.

Исто така, Спан очекува дека правилата за социјалната оддалеченост меѓу луѓето и личната хигиена ќе останат  во пракса уште  долго време.

„Сè додека не се појави вакцина, ќе мора да бидеме внимателни“, рече Спан.