Корона-кризата ѝ натаму се заканува на ЕУ: Сорос нуди решение, но дали ќе го послушаат?

од Nikola Popovski

Милијардерот и филантроп Џорџ Сорос во петокот истакнал дека пандемијата на коронавирус се заканува по опстанокот на Европската унија. Тој се залага за издавање на европски обврзници.

Сорос изјавил дека ЕУ треба да има кредитен рејтинг ААА за издавање вакви обврзници, поради што треба да има овластувања за наплата на данок за да ги покрие трошоците на обврзниците.

„Постои решение“, рекол Сорос, американски инвеститор кој се прослави со успешен облог против фунтата во 1992 година.

„Даноците треба само да се одобрат; тие не треба да се спроведуваат“, додал Сорос, пренесува „Јутарњи лист“.

На прашањето за Брегзит, тој рекол дека е особено загрижен за растот на евроскептицизмот во Италија.

„Што би останало од Европа без Италија?“, прашува тој.

„Опуштеноста на правилата за државната субвенција, што е во прилог на Германија, е особено неправедно за Италија, која веќе беше европски пациент, а потоа и најпогодената земја од Ковид 19“, рече Сорос.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот предложија формирање фонд од 500 милијарди евра за најтешко погодените региони и економски сектори во ЕУ.

Како што беше истакнато, станува збор за финансиска помош, а не за заем. Европската комисија треба да ја финансира оваа сума преку заеднички обврзници.

Франција и Германија, чии договори обично го отвораат патот за пошироки договори во ЕУ, предложија Европската комисија да позајми и да троши пари во име на целата ЕУ и покрај предвидениот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, што е веќе близу една милијарда евра.

Слични содржини