Како последица од новиот коронавирус во изминативе 24 часа во земјва починаа 20 лица.
Од нив, осум пациенти од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г), еден од Штип (82г), двајца од Прилеп (68 и 72г), еден од Струга (78г), двајца од Велес (70 и 65г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (68г), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89г), еден од Струмица (63г) и еден пациент од Берово (77г).
Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 379.229 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77949, бројката на оздравени пациенти е 53345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22330.