„Корона-забава“ на познати личности ја тресе БиХ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Група познати личности од Босна и Херцеговина ги прекршија сите мерки за забрана на епидемијата од коронавирус откако голема забава во ресторанот во Сараево, во кој беа вклучени, покрај министер, познати личности како Халид Бешлиќ и Хари Варешановиќ, јавуваат локалните медиуми во вторникот.


Министерот за внатрешни работи на округот Сараево, Исмир Јушко, потврди дека полициските патроли интервенирале во понеделникот вечерта, врз основа на извештаите дека се одржува забава во ресторанот „Голф клуб“, иако сите угостителски установи во БиХ се затворени и е на сила забрана за собирање.

Службениците пронајдоа дваесетина луѓе на локацијата што се забавуваа со песна. На учесниците им биле врачени прекршочни пријави, а ресторанот е затворен.

„Ова е навистина неверојатно. Кога половина милион граѓани со месеци се под рестриктивни мерки, кога пензионерите и младите луѓе под 18-годишна возраст не можат да се движат надвор нормално, да се движат наоколу, некој се сетил да организира забава. Ова не е за верување. Јас навистина немам зборови. Најлошото е што на оваа забава имаше луѓе кои ни кажуваа преку медиумите што да правиме и како да се однесуваме. Срамно. Ги погазија сите постулати на професијата“, изјави министерот за полиција Јушко за порталот Дневни аваз.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=Sf2AuDBDtW4&feature=emb_title

Излезе дека „корона-забавата“ е организирана како одбележување на роденденот на хирургот Јусуф Шабановиќ, кој истовремено е и раководител на Клиниката за абдоминална хирургија во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС).

Забавата експресно го чинеше неговата работа затоа што директорот на КЦУС, Себија Изетбеговиќ го отпушти веднаш штом скандалот се најде во медиумите.

На прославата присуствуваше и државниот министер за надворешна трговија и економски односи Сташа Кошарац, како и професорот на Ветеринарниот факултет, кој истовремено е и член на Научното тело за надзор на епидемијата од кронавирусот на сараевскиот округ – Нихад Фејзиќ.

Друштво им правеа естрадните уметници Халид Бешлиќ, Семир Чериќ Коке, Хари Варашановиќ, Слаѓана Мандиќ и Шериф Коњевиќ.

Снимки од забавата се појавија на Инстаграм, предизвикувајќи бројни реакции.

Во вторникот, министерот Кошарац се извини за неговата непромисленост, велејќи дека тој дошол само да го поздрави докторот задолжен за неговото семејство.

„За мене беше важно да му честитам на мојот пријател Јусуф за неговиот роденден, затоа што нема, ниту можам да ја заборавам професионалната и човечката поддршка што тој му ја дал на моето семејство во најтешките периоди, дури и денес“, рече тој.

Тој понатаму објасни дека „останал кратко“ на настанот, така што полицијата не му доставила лично прекршочна пријава.

„Ќе си ја платам казната за неисполнување на мерките“, рече Кошарац.

Опозиционите политичари веднаш побараа санкции и оставки на Кошарац и Фејзиќ, а за сопственикот на ресторанот и Шабановиќ затворски казни, како што вели законот.

Тој предвидува дека секој што нема да ги исполни наредбите или решенијата донесени врз основа на уредба за време на епидемија, може да биде казнет со затворска казна до една година.

Казната, исто така, го стигна и професорот Фејзиќ, кој беше исфрлен од Научното тело со задача да ја следи епидемијата од коронавирус поради несоодветното забавување.

Сите учесници во забавата ќе бидат казнети со најмалку 250 евра.

Слични содржини