„Корона-забави“ во Охрид (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во Охрид за продолжениот викенд е преполно со домашни туристи, а најголемите гужви преку ден секако се на локалните плажи.

Деновиве на социјалните мрежи можевме да видиме неколку видеа одплажите на кои видливо е непочитувањето на пропишаните мерки за време на епидемијата на коронавирус, а денеска сме сведоци на нови „корона-забави“.

Премногу луѓе на мал простор, не одржување на физичка дистанца и немање маски се гледа во видеото, а сметката на крајот ќе ја платиме сите ние, а најмногу македонските лекари и здравство.

Останува нејасно како локалните власти дозволија вакво однесување во време кога на дневна основа земјава бележи нас 150 заразени и додесетина починати.

Слични содржини