Короната е долготрајна болест: Три недели откако се излекувале луѓето чуствуваат тегоби и тврдат дека не се добро

од Aleksandar Petrovski
155 прегледи

Ковид-19 може да биде долгорочно заболување, дури и кај младите луѓе кои претходно немале хронични заболувања, објави во петокот американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува Си-Ен-Ен.

Дури 35 проценти од анкетираните пациенти кои се излечиле од коронавирусот изјавиле дека не се чувствуваат како пред инфекцијата, дури и две до три недели откако го прележале.

ЦДЦ ги обработи резултатите на 292 лица кои имаа позитивен тест и беа лекувани во болниците од 15 април до 25 јуни. Тестовите беа извршени 14 или 21 ден откако луѓето првично беа тестирани.

Од сите испитаници, 94 проценти изјавиле дека имаат барем еден симптом кога се пријавиле за тестирање. Во просек, луѓето имаат од 7 до 17 симптоми од регулативите за ЦДЦ, а најчести симптоми биле замор, проследено со кашлица и главоболка.

Кај луѓето чии симптоми остануваат присутни подолго време, 43 отсто изјавиле дека страдаат од кашлање, 35 отсто рекле дека се чувствувале уморно, а 29 отсто рекле дека губат здив. Просечното време кога биле интервјуирани испитаниците е 16 дена од позитивниот тест.

Шеесет и пет проценти од испитаниците изјавиле дека нивната нормална здравствена состојба се вратила пет до 12 дена по позитивниот тест.
Се чини дека годините играат улога во тоа дали и колку некој се чувствува болен неколку недели по позитивниот тест. Во групата луѓе постари од 50 години, 47 отсто од нив пријавиле симптоми, иако поминале најмалку 14 дена од тестот. Споредено со него, во групата луѓе на возраст од 18 до 34 години, 26 отсто од нив пријавиле симптоми, додека тој процент бил 32 отсто од оние на возраст од 35 до 49 години.

Претходните студии покажаа дека хоспитализираните пациенти можат да имаат неочекувано долго време на закрепнување. Анкетата на пациенти во Италија, спроведена два месеци по закрепнувањето, покажа дека повеќе од 87 проценти сè уште имаат барем еден симптом, а повеќе од половина тврдат дека имаат три или повеќе симптоми.

Колку е потешка хроничната состојба на пациентот, толку е поголема веројатноста тој сè уште да има постојани симптоми. Но, дури и еден од пет помлади лица на возраст од 18 до 34 години кои биле совршено здрави, изјавиле дека не закрепнуваат целосно.

Авторите на оваа студија тврдат дека водачите на јавното здравство мора да ги потсетат луѓето кои можеби не го сфаќаат сериозно Ковид-19, дека дури и младите возрасни кои добиваат поблага форма на болеста можат да ги чувствуваат симптомите со недели.

ЦДЦ уште еднаш потсети дека е неопходно да се преземат мерки на претпазливост – честопати мијте ги рацете, носете маска и одржувајте физичко растојание.

Слични содржини