Короната ги намали цените на становите во Скопје

од Берта Китинска
302 прегледи

Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинила за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во Скопје, квадратен метар станбена површина во просек се продавал за 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата просечната цена изнесувала 35.255 денари, или за 6,3 проценти повеќе во однос на 2018.

Наведените просечни цени на квадратен метар станбена површина се без данок на додадена вредност.Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2020 се издадени 248 одобренија за градење, што е за 62.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 049 564 илјади денари, што е за 158.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 137 (55.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 33 (13.3%) за објекти од нискоградба и 78 (31.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 130 (52.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (47.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 28 384 м2.

Слични содржини