Короната го разорува организмот: Последиците се чуствуваат долго

од Aleksandar Petrovski
421 прегледи

Пациентите кои прележале корона сепак имаат сериозни последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болки во мускулите, некои би спиеле цел ден, а за некои е голем напор да се искачат само на еден кат од скалите, пишува онлајн магазинот „Јуроп тудеј“.

Лекарите од клиниката „Џемели“ во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, спровеле истражување на над 150 пациенти кои прележале инфекција со коронавирус, пренесува Танјуг.

Од анкетираните, 87 проценти потврдија дека имаат барем еден од пост-ковидните симптоми, најмногу прекумерен замор, проблеми со дишењето, некои имаат психолошки проблеми и голем број на пациенти покажаа знаци на посттрауматско стресно нарушување по закрепнувањето.

Сите испитаници пријавиле проблеми со апетитот и намалена мускулна маса.

„Ковид19 е нова болест и ги знаеме симптомите засега, но малку се знае за последиците, и токму затоа ова истражување, прво од ваков вид, е многу важно“, вели Анџело Карфи.

Авторите на истражувањето истакнуваат дека има една добра работа: не се потврдени стравувањата на лекарите дека болеста ќе остави трајни последици врз белите дробови, црниот дроб, очите и срцето.

За пациенти кои биле лекувани во одделите за интензивна нега и биле подложени на оксигенација, лекарите препорачуваат редовно да проверуваат неколку внатрешни органи, проследено со долг период на физичко и психичко закрепнување.

Слични содржини