Короната ја зема душата на Премиер лигата – морничаво сценарио за играта!

од Vladimir Zorba

Одложувањето на натпреварите во Премиер лигата поради коронавирусот веќе не е новост, бидејќи последниве денови сме сведоци на се почести потези за вакви одлуки, па до израз дојде идејата за привремен прекин на првенството.

Според информациите кои пристигнуваат од Англија, планот е да се прекине фудбалот до 7 јануари за кога се планирани натпреварите од третото коло во ФА Купот, а следното коло во Премиер лигата да се одигра дури седум дена подоцна, на средината на јануари.

Познато е дека преодот меѓу две календарски години е највозбудлив во најсилното англиско првенство, а доколку коронавирусот не престане да „коси“, навивачите ширум светот ќе останат лишени од најдобриот фудбал.

Најпогодено беше 18. коло, кое е прилично „осакатено“ од одложувањето на натпреварите Манчестер Јунајтед – Брајтон, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас, Вест Хем – Норич и Евертон – Лидс, а не е исклучено ниту еден од преостанатите пет натпревари ќе бидат откажани.

Најголем удар за фановите е тоа што ќе се одложат дневните натпревари во опсег од 26 декември до 3 јануари, со исклучок на 30 декември.

Ова ќе го згусне ионака тешкиот календар и ќе го покрене прашањето дали ќе има соодветни термини за преостанатите натпревари во остатокот од сезоната.

Да потсетиме, на пример, Тотенхем, поради слични проблеми пред осум дена не го одигра натпреварот против Рен во Лигата на конференциите.

Слични содржини