Короната прави хаос: Откажан уште еден натпревар од Премиер лигата

од Nikola Popovski

Натпреварот од 21. коло на англиската Премиер лига меѓу Саутемптон и Њукасл е откажан поради премногу заразени со коронавирус.

Тој дуел требаше да се одигра во недела на втори јануари од 15 часот, а новиот термин се уште не е познат.

Проблемите се поврзани пред се со Њукасл, кој очајно се бори за опстанок и на кого овој натпревар може многу да му значи.

Саутемптон е во нешто подобра ситуација, но Премиер лигата дефинитивно е пред колапс. Дуелот меѓу Лестер и Норич беше откажан во четвртокот, а нема сомнеж дека тука не се завршени проблемите.

Во последните неколку дена Премиер лигата имаше рекорден број на заразени, а натпревари беа откажани четири кола по ред.

Новата календарска година и 21. коло треба да бидат отворени со Арсенал и Манчестер Сити во сабота од 13:30 часот.

Водечка екипа на табелата е Сити, додека во борба за титулата се Челзи и Ливерпул. Очигледно, борбата за опстанок ќе се води меѓу Норич, Њукасл, Барнли, Ватфорд и Лидс.

Слични содржини