Коронавирус: Симптоми, превенција, важни информации

од Elena Daskalova

Во време кога речиси целиот свет живее во страв од епидемија на коронавирусот, информираноста околу превенцијата и симптомите, како и начинот на пренесување, е од клучно значење за да се спречи непотребна паника.

Вирусот 2019-nCoV кој во моментов се шири од човек на човек, содржи нова мутација на претходно познатиот коронавирус, кој досега имаше шест видови, но новиот е седми. Токму оваа мутација влева страв кај населението, сосема со право, бидејќи бројот на починати лица и понатаму расте.

Инаку, коронавирусот за првпат се појави во провинцијата Хубеј во градот Вухан во Кина, и токму таму има најмногу заболени и најмногу жртви. Во овој град во изминатиов период никој не влегол ниту излегол.

Во поблаги случаи коронавирусот предизвикува симптоми слични на вообичаена настинка, но кај луѓето со нарушен имунитет може да предизвика воспаление на белите дробови или бронхит.

Повеќе за превенцијата од коронавирус дознајте ТУКА.

Слични содржини