Коронавирус во регионот: Која земја тестира најмногу?

од Nikola Popovski
290 прегледи

Коронавирусот не се смирува, како во светот, така и во земјите од регионот.

Според анализа на резултатите, сите индикатори сугерираат дека Косово се ближи кон крајот на летото со далеку најлошата статистика за коронавирусот во регионот.

Според „Ал Џезира Балканс“, иако Косово тестира најмалку (28 тестови на 1.000 луѓе), бележи најголем број заразени (7.290) и мртви (280) на милион жители. Во просек, имало 26 позитивни на Ковид-19 на 100 тестирани.

Северна Македонија според бројот на заразени на милион жители се наоѓа на третото место во регионот, односно има 6679 позитивни. Според бројот на смртни случаи на милион жители, сме на второто место со 277 починати веднаш позади Косово. 

Хрватска, со 38 тестови на 1.000 луѓе, е веднаш зад Косово. Сепак, бројот на заразени и стапката на смртност не се ни приближни на бројките од Косово.

Така, на секои 100 тестирани, просечно 5,6 луѓе биле позитивни на Ковид-19. Бројот на заразени на милион е 2.167, а е забележана најниска смртност – 43 смртни случаи на милион жители.

Во Босна и Херцеговина, 10 од 100 тестирани биле позитивни на вирусот, а според бројот на заразени и смртни случаи, таа се наоѓа во средината на регионалната табела.

 

Слични содржини