За потребите на снимањето на новиот дел од „Невозможна мисија“, Том Круз отпатувал во Италија, но сега е принуден да остане таму најмалку до 1 март.

Том пристигна во Италија на 20 февруари, а сега е „заглавен“ во хотелот „Грити палас“, а филмот престана да се снима додека не се види расплетот со ситуацијата со коронавирусот.

Според странските медиуми, Том не би смеел да излезе хотелот до 1 март, додека продуцентите да видат што ќе прават понатаму со снимањето. Премиерата на филмот е најавена за 23 јули 2021 година, но поради паузата во снимањето на филмот, може да се одложи. Филмот „Невозможна мисија 7“ го продуцира Кристофер Мекквари (51), а покрај Круз глумат Ребека Фергусон (36) и Хејли Атвел (37).

Никој од филмската екипа досега не е заразен. Италијанските медиуми јавуваат дека досега починале седум жртви на коронавирусот во Италија, а сѐ е поголем бројот на заразени.

Слични содржини