Коронавирусот не попушта: Нови 219 заразени

од Nikola Popovski

Голем пораст на бројките со заразени со Ковид-19. Во последното деноноќие биле тестирани 4.713 граѓано, а регистрирани се 219 нови случаи.

Според градови, билансот изнесува: Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини