Светската здравствена организација прогласи глобална вонредна состојба на јавното здравје поради ширењето на коронавирусот.
Животинскиот извор на новиот вирус сè уште не е идентификуван.
Во последните години имало неколку епидемии, кои произлегоа од животински извори.
Ние ги истраживме најсериозните епидемии, нивниот извор, кога за прв пат се појавиле и колку се смртоносни.
Најлошите епидемии во новата историја
–Марбург во 1967 година (од лилјаци). Земјата на потекло на оваа болест е Уганда. Вкупниот број на инфицирани лица бил 590, додека бројот на смртни случани изнесувал 478. Стапката на смртност изнесувала 81 %.
–Ебола во 1967 година (од лилјаци). Оваа болест се појавила во ДР Конго. Вкупниот број на инфицирани лица бил 33 687, а бројот на починати се искачил до 14 694. Стапката на смртност изнесувала 44%.
–Нипах во 1999 година (од лилјаци). Оваа болест за првпат се појавила во Малезија, а бројот на заразени лица изнесувал 496. Бројата на починати се искачила до 265, што значи стапката на смртност изнесувала 53%.
–САРС во 2002 година (од лилјаци). Оваа смртоносна болест за првпат се појави во Кина и од неа се заразија 8098 лица. Бројот на починати бил релативно помал во споредба со останатите болести, односно 774, што значи стапка на смртност од 10%.
–H5H1, односно птичји грип во 2003 година (од живина). Земјата на потекло на оваа земја е исто Кина. Бројот на заразени лица бил 861, а 455 починале. Стапката на смртност изнесувала 51%.
–Мерс во 2012(од камили). За првпат се појавува во Саудиска Арабија и од неа се инфицирале 2494 лица. Бројот на смртни случаи бил 858, односно 35%.
-H7N9 или птички грип во 2013 (од живина). И оваа болест се појавува во Кина. Од неа инфицирани биле 1568, а бројот на починати се искачил до 616.
–A(H1N1) или свински грип во 2009 година (од свињи). Земјите на потекло на оваа болест се САД и Мексико. Од неа се инфицирале дури 1 милион лица, а бројот на починати се движел помеѓу 123 илјади и 203 илјади лица.
–Сезонски грип(се појавува секоја година). Од него се инфицирани 1 милијарда луѓе, а бројот на смртни случаи се движи од 290 илјади до 650 илјади лица.
–Ковид-19(се уште не се кое е точното животинско потекло). Коронавирусот за првпат се појави во Кина. Досега има заразено над 94 илјади луѓе, а бројот на смртни случаи дојде до 3200 и се уште е во пораст. Стапката на смртност моментално е 2%.