Коронавирусот стигна и во Црна Гора, заразени две жени

од Aleksandar Petrovski
212 прегледи

Црна Гора ги регистрираше првите два случаи на коронавирус, јавува Радио Телевизија Црна Гора.

Станува збор за пациентки родени во 1948 и 1973 година. Едната е од Улцињ, а другата е од Подгорица, а како што известува изворот – двете престојувале во региони зафатени со коронавирус. Едната се вратила од САД, другата од Шпанија.
Двете се во стабилна состојба, беше соопштено.

„Тие се сместени во специјален оддел на Клиничкиот центар на Црна Гора. Двете се стабилни“, рече премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ.

Тој рече дека едната од заразените била под надзор, а другата не. Од овој момент, како што истакна премиерот, започнува нова фаза во соочување со овој предизвик.

Од владата на Црна Гора порачуваат дека нема место за паника и дека следува нова фаза каде треба да се стори се за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Слични содржини