Коронавирусот во САД бил присутен во декември 2019 година? Нова студија откри шокантни податоци

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Најмалку седум лица во пет американски држави биле заразени со коронавирусот неколку недели пред тие држави да ги пријават своите први случаи, покажа големата нова владина студија, што укажува на присуство на вирусот во земјата уште во декември 2019 година.

Учесниците на истражувањето, кои пријавиле антитела против САРС-КоВ-2, веројатно биле изложени на вирусот најмалку неколку недели пред да се земе примерокот, бидејќи антителата се појавуваат само околу две недели по инфекцијата, велат истражувачите, објави „Ројтерс“.

Примероците пристигнаа од Илиноис, Масачусетс, Мисисипи, Пенсилванија и Висконсин и беа дел од истражувањето кое опфати повеќе од 24.000 примероци земени за истражувачката програма на Националниот институт за здравство од 2 јануари до 18 март 2020 година.

Од седум примероци, три биле од Илиноис, каде што првиот потврден случај на коронавирус бил пријавен на 24 јануари, додека останатите четири држави имале по еден случај.

Примероци од учесници во Илиноис беа собрани на 7 јануари, а од Масачусетс на 8 јануари.

Податоците сугерираат дека вирусот бил присутен во американските држави многу пред да се појават жаришта и области кои се сметале за влезни точки на вирусот во земјата, се вели во студијата.

Слични содржини