Колачи, украсени дрвца, се е подготвено за божикните забави. За забавата на Бадник од кланот Кардашијан-Џенер била задолжена Кортни, која својата вила ја уредила така што купила неколку стотини од цвеќето божикна ѕвезда и ги ставила пред влезот.
Иако нејзините гости биле воодушевени при самиот влез во вилата, внатре ги чекало вистинското изненадување. Имено, прво на влезот имало пејачи кои пееле Божикни песни и биле опкружени со Божикни дрвца. Но, Кортни отишла чекор понатаму.
Надворешниот дел бил целосно осветлен со сијалички, а се изгледало како во бајка, тврди Ким Кардашијан која ги снимила декорациите.
Кортни најмила и пејачи кои ги забавувале нејзините гости и направила сцена голема колку во театар. На видео-снимките од Клои Кардашијан може да се забележи како членовите на кланот Кардашијан-Џенер на забавата викнале неколку десетици пријатели и членови на семејството.
Иако, судејќи според објавите на социјалните мрежи, членовите добро се забавувале, нивните фанови велат дека претерале.
– Смислата на Божик не е да потрошиш милиони на забава, ова е навистина премногу – пишувале фановите.
Додека фамилијата се забавувала, вниманието го украде најмладата милијардерка во историјата, Кајли Џенер, во свилено зелен долг фустан. Во ист модел на фустан била облечена и нејзината ќеркичка Сторми Вебстер, па изгледале како близначки.