Актуелно
Почетна / Сцена / Кортни сака уште едно дете, фановите ја нападнаа: Не ти е добро

Кортни сака уште едно дете, фановите ја нападнаа: Не ти е добро

Американската ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан ги шокираше следачите на Инстаграм кога спомна дека би сакала уште едно дете. Откако ја обнови врската со поранешното момче, манекенот Јунес Бенџи кој е 14 години помлад од неа, обожавателите на кланот Кардашијан/Џенер не престануваат да и пишуваат на профилот.

Кортни позирала во портокалово боди, поради кое повеќето помислија дека чека принова.

View this post on Instagram

tryna fix your inner issues with a bad bitch

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

„Дали ти ни соопшти дека си бремена?“, „Бремена си?“, „Честитам“, се само дел од коментарите. Иако ѕвездата не одговара на сите прашања, овој пат не можела да е возржи. Таа им рекла дека не е бремена, но би сакала да биде.

Отогаш започнаа лавината коментари бидејќи многумина ја нападнаа зошто би сакала да раѓа повторно кога има три прекрасни деца. Фановите ѝ коментираа дека „не ѝ требаат“ повеќе деца, дека не е нормална, а во расправиите се вклучија и оние кои се на нејзина страна.

View this post on Instagram

@poosh

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

„Прави што сакаш, не слушај никого. Зошто некој би ти кажувал колку деца треба да имаш. Доколку го сакаш и сака да направи семејство со тебе, никој не може да ве спречи“, ѝ порачале поддржувачите.

Настарата сестра во семејството моментално одмара во Портофино, Италија со децата, а со неа е и нејзиното момче.

View this post on Instagram

An Italian dream

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

loading...