Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:
Го слушаме Груевски сега како се жали, затоа што очаен дедо што вмровскиот здравствен систем му го убил внучето посегнал по правдата на Ќосето што ја величаше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Којзнае, можеби на дедото на Тамара поттикнувачки делувале вестите за условните казни на разбојниците што беа пратени да ги убијат Зоран Заев и Зијадин Села. За кои, сега загрижениот Груевски, рече дека „да сакале да го убијат, ќе го убиеле“.
Медиумите и невладините организации правеле хистерија против ВМРО-ДПМНЕ. Молам? Ова го кажува Груевски. Истиот Груевски кој 11 години создаваше и правеше хајки против сите неистомисленици. И не престанува со хушкање.
Кој го подели општеството вдолж и попреку по сите основи? По нации и по вера. По политичка припадност. По сексуална припадност. По многудетни и бездетни фамилии. По венчани и невенчани. По патриоти и предавници. Синдикати и контра синдикати. Лекари против лекари. Протести и контрапротести. Наставници против наставници. Студентски пленум и контра пленум. Родители и контрародители. Црна револуција контра Шарена револуција. Јавна администрација против приватен сектор…
Да се разбереме. Нема оправдание за насилство. Но, не може насилството на дедото на Тамара да се цени на различен начин од насилството и неказнивоста што ги хранеше Груевски цели 11 години. Впрочем, обвинителството на Зврлевски трета година не кажува до каде е истрагата за смртта на Тамара.
Кого чувме дека нарачуваше со динамит да се руши објект на политички противник? Да не ја тупиме многу. Каде имаше пиштење и вриштење? Кој се закануваше со фрлање по ендеци „сосе жената, сосе децата“. Кој рецитираше поезија за ноќ на долгите ножеви? Кој 11 години бегаше од јавни дуели, ама секогаш одеше на емисии на кои водителите поттикнуваа говор на омраза? Со надгробни плочи ќе ги поклопуваа неистомислениците. Се закануваа дека на барут ќе мириса Собранито. Кој даваше краток курс по право дека два три шамари, ама јаки не се се кривично дело? Кој му порачуваше на Заев дека ако бил жив Гоце ќе му го прател Ќосето да расчисти со него?
И конечно, ги слушнавме баш Никола Тодоров со Гордана Јанкулоска, како таа му објаснува дека за нивните што пукале на избори, ќе глумеле дека божем пукале со гасен пиштол, за да не одат во затвор, па ќе средат да добијат прекршочни пријави…
Целата колумна на СДК на следниот линк.