Најмалку 38 лица загинаа, а други 180 се повредени во Мадагаскар, каде во последните денови беснее циклонот Енаво, пренесе АФП.

Претходно беше соопштено само за четири жртви, но податоците бројкие беа променети. Околу 53 000 луѓе се евакуирани. Само во главниот град Антананариво биле погодени 32 000 луѓе.
Катастрофата ударила на североисточните делови на островот и причини премостувања на реки, пред неговата сила да ослаби.
Очекувањата беа да влијае врз 700 000 луѓе и да биде најмоќната катастрофа за Мадагаскар од 2012 година наваму. За ова предупреди “Црвениот крст”, кој испрати 500 свои доброволци.
Дождовната сезона во Мадагаскар трае од февруари до мај. Во овој период циклоните и тропските бури се честа појава во оваа островската држава.